fbpx

Камерон: Разговорите за реформи на ЕУ се „крваво тешка работа“

-

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, рекол дека преговорите на Велика Британија со Европската унија за реформите ќе бидат „крваво тешка работа“.

Тој повторно ја отфрли идејата Велика Британија да остане во рамките на европската заедница и ја потврди намерата да организира референдум за напуштање на ЕУ.

– Мирно и рационално се обидувам да ги убедам европските соработници да ги поддржат реформите на Европската унија, во пресрет на нашиот референдум. Имаат многу време да размислат за тоа, референдумот ќе го одржиме во 2017 година. Сигурен сум дека ја имам вистинската стратегија, вистинските планови, вистинскиот тим за да ги спроведеме реформите. Тргнавме на тој пат, но тоа ќе биде крваво тешка работа – изјави Камерон.

Според неговите зборови, европските власти биле предупредени на можните последици и на подготвеноста на Велика Британија да излезе од ЕУ доколку не се спроведат реформите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...