Жителите на Северна Калифорнија се во состојба на подготвеност до вторник поради зголемена можност од силен земјотрес, соопштија официјални лица.

– Такви предупредувања обично се соопштуваат еднаш или двапати годишно – изјави претставник од кабинетот на гувернерот, задолжен за вонредни ситуации.

Експерти предупредуваат дека веројатноста за земјотрес со интензитет од 7 степени или посилен во областа Сан Андреас е еден спрема 100 и засилената веројатност важи до вторник.

Гувернерот Џери Браун одобри закон со кој е развиен систем за предупредување на граѓаните. Предупредувањата ќе ги добиваат граѓаните на своите мобилни телефони, преку радиостаници и други уреди.