Корона вирусот, Ковид-19, сега веќе е пандемија, бидејќи околу 200 илјади луѓе во 120 земји низ светот се заразени. Околу осум илјади лица го загубија животот, а 81.000 се излечени. Во шест земји од Западен Балкан, досега се инфицирани 363 луѓе. Со цел спречување на ширењето на коронавирусот, земјите во Западен Балкан објавија затворање на нивните надворешни граници. Досега, владите на овие земји се обидуваат да го спречат ширењето на вирусот преку драстичните рестриктивни мерки за граѓаните, пишува „Порталб.мк“.

Но дали може со корона вирусот да се „војува” само со драстични мерки?

Земјите од Западен Балкан имаат преземено серија мерки, почнувајќи од затворање на надворешните граници па се до ограничување на движењето на граѓаните со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. Иако со полемики, а во некои случаи и спротивставувања, поголемиот дел од поставените правила се спроведуваат од страна на граѓаните. Но, непознавањето на опасноста, немањето вакцина, непредвидливоста колку би можело да трае како и општиот недостатокот од информации ја претвора целата ситуација во агонија.

Албанија, Македонија, Србија како и Босна и Херцеговина изјавија дека ги имаат сите можни капацитети за справување со ситуацијата. Светската здравствена организација, во понеделник 16 март ги критикуваше земјите по однос на преземените мерки и побара да се извршат што повеќе тестови за коронавирусот.

„Најефективниот начин за да се спречат инфекциите и да се спасат животи, е пресекување на синџирот на пренесување. За да се направи ова треба да се извршат тестирања и потоа следи изолација. Имаме една едноставна порака за сите земји: тестирање, тестирање, тестирање”, рече Тедрос Аданом Гебреизус.

Транспарентноста се смета како доста голем проблем на владите во Балканот и не само на овие влади во врска со количината лекови и инструменти во здравствениот систем за спречување на ширење на корона вирусот.

Неколку дена претходно, во Албанија беше пријавено дека лекарите користат хируршки маски со истечен рок од пред 2011 година. Министерството за здравство реагираше изнесувајќи дека истекот на рокот ја намалува ефективноста на маските, но не претставува ризик. Недостатокот од легла или респираторни средства претставува проблем и за Инфективните клиники во другите земји. Косово има околу 130. Македонија се уште нема официјална бројка за бројот на легла што ги има на располагање, а исто така и Србија и Црна Гора. Босна и Херцеговина известува дека располага со 200 кревети.

До сега, освен Косово, ниедна од другите земји нема планирано купување на тестови кои даваат резултати за кратко време. Додека граѓаните се наоѓаат меѓу драстичните мерки и стравот, недостатокот од информации од официјалните претставници може да биде исто толку штетно колку и лажните вести.