За помалку од еден месец, Србија, од земја во која се правеа шеги на сметка на корона вирусот, стаса до тоа да има повеќе од 100 заболени и да се прогласи вонредна состојба. Официјалните лица во повеќе наврати се огласуваа, од ден на ден изнесувајќи тврдења околу корона-вирусот и постојано донесуваа нови и се подрастични мерки во борбата против неа. Но, како се случи да дојде до овие мерки за кои Претседателот изјави дека „го затворија животот“? И што се тие официјални лица ни зборуваа, а што на крај испадна дека не е точно?

Кога кон крајот на јануари во целиот свет почна да се зборува за новиот вирус, кој се проширил низ кинескиот град Вухан, малкумина можеа да насетат дека светот се наоѓа пред пандемија. Но, вирусот, очигледно, не познава граници. Покрај Кина, од корона вирусот најмногу беа погодени Италија, потоа Шпанија и Иран, а огромен е и бројот на заразени во Германија, Велика Британија, Соединетите Американски држави, Франција, Јужна Кореја…

Корона-вирус-послаб од сезонскиот грип, најсмешен во историјата

Кога бројот на заразени почна нагло да расте, посебно во Италија, во Србија се уште не постоеше загриженост дека и нам ќе ни се случи истото. Министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар на 26 фебруари дури тврдеше дека вирусот корона „според сите карактеристики се покажува како послаб од сезонскиот грип“. Ова се покажа како невистина бидејќи на прес-конференцијата на Светската Здравствена организација (СЗО), одржана на 3 март годинава беше соопштено токму спротивното.

„Корона вирусот предизвикува потешки заболувања одошто сезонскиот грип. И, додека голем број луѓе низ светот изградиле имунитет на сезонскиот тип на грип, КОВИД-19 е нов вирус за кој никој нема имунитет. Тоа значи дека многу поголем број на луѓе се подложни на инфекција, а некои поради ова ќе прележат и потешки облици на болеста“, беше истакнато на конференцијата.

Истиот ден (26 фебруари) беше одржана и прес-конференција на која, покрај претседателот на Србија, Александар Вучиќ зборуваа и стручњаци, меѓу кои и детскиот пулмологот д-р Бранимир Несторовиќ. Тој тогаш кажа дека нема место за паника кога е во прашање корона вирусот и дека тој самиот не може да поверува дека „ народот кој ги преживеа санкциите, бомбаридрањето, секакви малтретирања, може да се исплаши од најсмешниот вирус во историјата на човештвото, кој постои на Фејсбук“.

Тој дури им порача на жените дека слободно можат да тргнат на шопинг во Италија. Неговите изјави предизвикаа бројни негативни реакции на социјалните мрежи.

Првиот случај и првите мерки

Десет дена подоцна беше потврден првиот случај на корона вирус во Србија и полека, односот на власта кон можното ширење на вирусот, се менува. На конференцијата, одржана на 11 март, претседателот објави дека ќе бидат забранети сите јавни собири во затворени простори со повеќе од 100 луѓе поради ширењето на вирусот. Коментирајќи ги, пак критиките на сметка на д-р Несторовиќ, претседателот рече дека нема да трпи некој да го напаѓа него или лекарите.

„Велат: најсмешниот вирус“. Не лажете, никој не кажа дека е најсмешен вирус. Никој! Освен што кажаа луѓето дека не треба да се крева паника. Јас такво нешто никогаш не сум изговорил. И, немојте да лажете!“, кажа Вучиќ.

Меѓутоа, ако ја погледнеме горната снимка, ќе видиме дека не е онака како што вели претседателот, па е оценет со „куси нозе“.

После оваа своја спорна изјава, д-р Несторовиќ настапуваше во јавноста уште неколкупаати- со нови тврдења.

Според неговите тврдења, за корона вирусот веќе доста се знае односно дека е до крај секвенциониран и дека вирусот „има некои фрагменти на САРС бидејќи се рабаоти за истата група вируси“. Меѓутоа, “Harvard Health Publishing”во својот напис за корона вирусот напоменува дека за овој вирус уште многу нешта се непознати. Светската Здравствена Организација, пак, наведува дека САРС и Ковид-19 не се исти.

Несторовиќ вели дека овој вирус не ги напаѓа бремените жени, децата и младите, дека ниту едно новороденче не е инфицирано со корона-вирусот и дека вирусот не останува долго на предметите.

Меѓутоа, бидејќи имашее случаи во кои беа заразени и бремени и новороденчиња, но и луѓе од најаразлични возрасти, ова негово тврдење е невистинито. Кога станува збор, пак, за опстојување на вирусот врз различни површини, според најновото истражување на Националниот Институт за здравје на САД, тој има стабилно присуство во аеросолите за времетраење од три часа, врз бакар до четири часа, 24 часа може да остане на картон и од два до три дена на пластика и на инокс.

„…Се затвора животот…“

Со оглед дека продолжи да расте бројот на заболени, растеше и бројката на мерките кои почнаа да ги воведуваат официјалните лица. Така, вирусот кој беше послаб од сезонскиот грип стана „невидливиот непријател“ против кого се води војна.

Конечно, на 15 март беше прогласена вонредна состојба. Беа затворени училиштата, градинките и факултетите, а децата ја следат наставата преку јавниот сервис.

„Се затвора животот за да го сочуваме животот, за да ги сочуваме нашите родители“, рече претседателот.

Некој ден потоа беше воведен таканаречениот „полициски час“. Граѓаните не смеат да излегуваат наадвор од домовите после 20 часот па се до раните утрински часови. На постарите, пак, од 65 години во градовите и на оние над 70 во селските средини, дозволено им е да искачаат само во недела, со продавница, од 3 до 8 наутро.

Ниту сообраќајот не беше поштеден – затворени се границите, прекинат меѓуградскиот и јавниот градски превоз.

Бројот на респиратори – државна тајна?

И во Србија како и во светот се отвори прашањето каков капацитет има здравствниот систем односно дали здравствениот систем воопшто може да се избори со голем број на заразени лица. Откако беше објавена веста дека Министерството за здравство распишало итна набавка на респратори, се постави и прашањето колку всушност и ги има во Србија. Премиерката одби да одговори на ова прашање наведувајќи дека бројот на респиратори „практично се третира како државна тајна и во другите земји“. Дека ова не е вистина потврдија и бројни примери од странство, посебно од соседна Хрватска.

Исто така, за само неколку часа откако премиерката Ана Брнабиќ кажа дека бројот на респирааторите е државна тајна, претседателот Александар Вучиќ и се обрати на јавноста и, меѓу другото, соопшти колку респиратири има во Србија.

„Сега имаме 1.008 респиратори, три пати повеќе одошто во 2009 година. А, за 20 дена ќе имаме уште 500“, рече претседателот.

Податокот веќе неколку дена подоцна повторно стана државна тајна.

„За респираторите…од денес е државна тајна. Јас сум виновен, пишете го тоа, ставете го тоа во своите забелешки, во еден дел од политичката олигархија, како сакате. Ние ќе се снаоѓаме, да набавуваме што е можно повеќе апарати“, рече Вучиќ.

Короната ги одложува изборите

Короната, исто така, влијаеше и на одлагањето на изборните активности. Државната Изборна комисија на својата седница одржана на 16 март донесе решение за прекинување на сите изборни активности врз основ на Уредбата на Владата на Србија за мерките од вонредната состојба.

Вонредната состојба, според Уставот, може да трае до 90 дена, а откако ќе заврши може да биде продолжена за исто толку време. Епидемиологот Предраг Кон вели дека во ваков режим треба да живееме уште шест недели.

Прашање е, сепак, откако ќе се укине вонредната состојба колку време ќе и биде потребно на Србија да се врати во таканаречена „нормална“ состојба.