Познатиот уметнички активист Пијаниста утре ќе одржи предавање „Како со улична уметност да се борбиме против помодарството и кичот“ на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Предавањето е со почеток во 19 часот.
Андреј Јосифовски е уличен уметник, доктор на науки, архитект и асистент професор од Белград. Toj се бори културата и уметноста да добијат место во општеството коешто треба да го имаат. Неговата цел е подобро и похумано општество, велат од организацискиот тим на предавањето.
На предавањето ќе бидат споделени сведоштва за процесот на креирање на големи уметнички активистички акции. Авторот ќе ги води присутните низ процесот на осмислување, процесот на изработка, па се до процесот на инсталација, проследени со рефлексии на случувањата по поставувањето и реакциите на јавноста. Своите акции редовно го споделува на неговиот Инстаграм профил.
По предавањето ќе биде промовирана и неговата втора книга „Пијаниста – од порано познат на полицијата“ дело и ѕид 2014-2024, која преку анегдоти ја опишува и богато ги илустрира случувањата поврзани со сликањето на мурали и изработката на визуелни поставки. Книгата е конципирана како преглед на избрани дела кои се создавале во последните десет години од творештво на Пијанистот.
Насликал голем број мурали, извел бројни перформанси, скулптури и инсталации во земјата и во странство, а неговото дело е следено од разни еминентни светски медиуми за улична уметност. Изложувал на дваесет и девет колективни и шест самостојни изложби, меѓу кои посебно важни се Face au mur, организирана во Културниот центар на Србија во Париз (Centre culturel de Serbie), Биенале на архитектура во Венеција, каде што го претставил своето дело „Златен контејнер“, самостојната изложба „Пијаниста – пет години на улица“ ѕид и дело во Студентскиот културен центар во Белград, каде што била претставена и неговата истоимена монографија и самостојната изложба „Анѓели на темнината“ во култната галерија „Хаос“ во Белград.