Како се делат фотелји во Македонија (видео)

Секоја 5-та институција во државата постои само заради директорската фотелја. Во нејзиното ново видео, Кика Авеиро го изнесува својот став на ова прашање и вели дека ова е една од причините зошто голем број од младите сакаат да ја напуштат државата.

– Единствен критериум дали некој ќе ја добие работната позиција, треба да биде дали таа личност е најкомпетентна за таа позиција – вели Кика.