Македонските медиуми различно ја прочитаа анкетата на ИРИ

Денеска Меѓународниот институт за демократија (ИРИ) објави анкета спроведена од „Брима“, преку интервју лице в лице, на примерок од 1.106 полнолетни македонски граѓани. Анкетата е направена од 29 септември до 5 октомври годинава.

Извештајот предизвика реакции во јавноста, а медиумите го пренесоа различно – и според насловот и според пристапот во текстот.

Еве дел од насловите во медиумите:

  • Нова ТВ: Анкета на ИРИ: Над 50 проценти сметаат дека Груевски не заслужува реизбор
  • МКД.мк: Истражување на ИРИ: Граѓаните веруваат дека Катица Јанева ќе спроведе независна истрага за прислушуваните материјали
  • Плусинфо: Анкета на ИРИ: 52 отсто од испитаниците сметаат дека Груевски не заслужува уште еден мандат
  • А1.он: Повеќе од половина граѓани сметаат дека Груевски не заслужува уште една шанса
  • МТВ: Анкета на ИРИ: 33% од анкетираните сметаат дека партиите целосно ќе го спроведат договорот
  • Прес 24: Анкета на ИРИ: Се подобрува квалитетот на живот во Македонија – граѓаните сметаат дека невработеноста е на историски најниско ниво
  • Република: Анкета на ИРИ: Премиерот Груевски со уште поголема доверба кај граѓаните
  • Нетпрес: Анкета на ИРИ: Расте рејтингот на Груевски
  • Курир: АНКЕТА НА ИРИ: Расте довербата во премиерот Груевски