Каја Калас утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Таа во Скопје ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

-

Високата претставничка на Унијата, Каја Калас најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија за нивниот пат кон ЕУ, а утре во Скопје ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, и ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Македонија.

Калас ќе има средби и со претставници на младински и студентски организации од земјава.

„Јас сум целосно посветена да ги охрабрам сите земји од Западен Балкан навистина да го зграпчат постоечкиот момент кој го имаме за проширувањето. Да, овој процес се одвива подолго време, но секогаш има политички моментум и овој политички моментум е токму сега. „Обединета Европа“ е визија за која сите мора да работиме заедно“, изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ.

Премиерот Христијан Мицкоски денес истакна дека тој ќе бара начини за деблокада на евроинтегративниот процес и е убеден дека ќе се изнајдат решенија.

„Убеден сум дека ќе се изнајдат решенија, ќе изнајде и механизми Европската Унија и Македонија ќе го добие заслуженото место да биде дел од таа маса, бидејќи одамна тоа го заслужуваме“, изјави Мицкоски.

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 км/час, дупло од дозволеното

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок,...

Путин ги предупреди своите функционери да не дозволат рецесија

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди своите функционери да се осигурат дека нивните напори за средување на економијата доведена до прегревање поради воените трошоци нема да претерат и да ја доведат...

Македонија набави турски хаубици БОРАН – прва испорака на ваков вид во Европа

Северна Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм, соопшти турското Министерство за одбрана, а пренесе militarnyi.com. „Честитки до сите што придонесоа за...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката...