Главната претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, приватно им изјавила на пратениците дека состојбата во светот можеби значи дека е „добар момент“ да се почне со пиење, пренесува „Политико“.
Како што се додава, Калас им рекла на лидерите на политичките групи во Европскиот парламент дека, иако не е личност која многу пие, сега можеби е време да се почне, имајќи ги предвид настаните низ светот, според двајца луѓе кои биле присутни на состанокот.
Таа зборувала во исто време кога министрите за надворешни работи на Гренланд и Данска се сретнувале со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио поради заканите на Доналд Трамп да го преземе арктичкиот остров.
