fbpx

Кај Канео, под Плаошник ќе се гради зграда

-

На атрактивната локација, кај Канео, под Плаошник, ќе се гради станбена зграда. Земјиштето е државно, идејата произлегла од Министерството за транспорт и врски, а од локалната самоуправа во Охрид ја прифатиле и реализирале. Мотивот го нашле во тоа што Општина Охрид од продажбата на земјиштето ќе инкасира 80 проценти од средствата, а 20 проценти ќе одат во буџетот на Република Македонија. Општината очекува да инкасира средства и врз основа на комуналии за изградба на објектот.

Атрактивната локација под Плаошник, на денеска одржаното електронско наддавање, е продадена за 51.000 денари за еден квадратен метар, на понудувач од Скопје. Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште кое беше во државна сопственост, изнесуваше 1.543 денари за еден квадратен метар.

Градежната парцела, која се наоѓа од левата страна од патеката што води до црквата „Св. Јован Канео“, е со вкупна површина од 201 квадратен метар и површина за градење од 90,9 квадратни метри. Според урбанистичкиот план, максималната дозволена висина до венец е 3,9 метри и се предвидува градбата да биде приземна, со минус две нивоа.

Оваа постапка на централната и на локалната власт, примена е со негодување во Охрид. Особено зашто станува збор за озелената површина, со борова шума, која сега треба да се сече.

Постарите охриѓани ова ги потсети на случај пред 40 години, кога на истиот простор беа исечени десетици борови стебла за да се подигне објект на лице од Скопје, скулпторот – академик Томе Серафимоски, кој локацијата ја добил како заслужен граганин на Охрид. Тој статус, пак, го стекнал со твредењето дека ќе гради ателје, кое ќе го посетуваат туристи и ќе биде трајна своина за охриѓани. Пред неколку години, скулпторот го продал објектот како станбена зграда на познат бизнисмен од Скопје.

Реагираа од опозициските партии во Охрид, ЛДП и СДСМ, кои прашуваат зошто безмилосно се раскрчмува најатрактивното државно земјиште под Плаошник, со почетна цена барем 20 пати пониска од пазарната?

Од владејачката партија и од локалната власт им одговорија со препорака ако имаат нешто против, да се јават на денешната лицитација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...