fbpx

Кафето и водата за администрацијата од 1 јануари без пластични чаши и шишиња

-

Државните институции, Владата, министерствата и останатите органи на управата од 1 јануари наредната година повеќе нема да набавуваат и користат производи за конзумирање кои се спакувани во пластична амбалажа за еднократна употреба. Оваа владина одлука ја повтори денеска на прес-конференција Насер Нуредини, министерот за животна средина, пред почетокот на презентацијата на новоизготвените закони за отпад за претставниците на локалната самоуправа во Клубот на пратеници.

Тоа значи дека во сите следни јавни набавки, спроведени од државните институции, пијалаците кои ќе бидат набавувани ќе треба да бидат спакувани во стаклени, а не повеќе во пластични шишиња, а исто така повеќе нема да може да се набавуваат пластични чаши, сламки и лажичиња кои се за еднократна употреба, како и шеќер, кој отсега ќе се набавува рефус за користење во државните служби.

Во иднина, соопшти Нуредини, државните органи, за да направат нови јавни набавки ќе мораат да поднесат и докази дека во тековната година ги запазувале своите нови обврски во согласност со новите закони за отпад  и новите обврски на производителите за управување со посебните текови на отпадот, кои Министерството за животна средина ги изготви и деновиве ги претставува пред заинтересираните страни. Со ова сакаме преку сопствениот пример да ја истакнеме важноста од поинаков начин на третман на отпадот од досегашниот, покажувајќи ја својата одговорност пред да го побараме тоа од другите, рече Нуредини.

Нуредини информираше дека се работи за шест закони  кои ги следат новините во ЕУ законодавството и со меѓународните стандарди и се преземени практиките кои функционираат во другите земји од областа на третирањето на различни видови на отпадот и нивните текови, како и одговорноста на оние кои го создаваат. Според Нуредини, приватниот сектор мора да ги преземе своите обврски кога е во прашање создадениот отпад од производството и од готовите производи кои се пуштени во промет и да ги поднесе финансиските обврски што доаѓаат со тоа, што досега не беше случај. „Многу е важно да се разгледаат овие закони, и да се добие поддршката за да поминат, да бидат усвоени и да почне да се применуваат за да се воспостави тој одржлив систем за управување со отпад“, рече Нуредини.

Откако се соочи со слабиот одзив на презентацијата од страна на општините, чиишто претставници дојдоа во многу мал број да се запознаат со новостите од областа на управувањето со отпад и со своите идни обврски во тој процес, министерот Нуредини се пофали дека вчерашната средба со стопанствениците поминала многу подобро и во конструктивна атмосфера.

„Исклучително е важно не само да селектиарме отпад, туку и да вршиме реупотреба, поправка и рециклирање секогаш кога е тоа можно“, рече Нуредини. Новиот пакет на закони, кој наскоро треба да влезе во владина процедура ги надградува правилата и процедурите за управување со отпад од пакување, батерии и акумулатори, електрична и електронска опрема, а се воведува и нов закон кој ќе го регулира управувањето со отпад од стари возила, гуми, масла и текстил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...