Националниот парк „Маврово“ на нивниот фејсбук-профил објавија фотографија од кафеави мечиња, која е направена со помош на фото-замки во рамките на проектот за закрепнување на балканскиот рис кој се реализира во соработка со Македонско еколошко друштво.

Неодамна беа објавени фотографии од рисот и лисица.

Во врска со заштитата на балканскиот рис на подрачјето на Националниот парк „Маврово” лани беше направен акциски план кој ќе се спроведува до крај на 2020 година, а целта е да се даде значителен придонес кон заштитата на популацијата на критично загрозениот балкански рис.