Кафе со неколку капки лимон не е лек за главоболка

Не е вистина дека кафе со лимон ги лечи главоболките. Ова е разобличено од познат факт чекер уште во 2020 година, а првичната објава доаѓа од Тајланд. И Одделот за здравство на Тајланд ги советувал луѓето кои страдаат од главоболки да се консултираат со лекар наместо да користат домашни лекови

-

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео во кое се тврди:

Кафе со неколку капки лимон – брз и природен лек за главоболка Главоболката може да биде непријатна, но една шолја кафе може да помогне. Наместо да го избегнувате поради кофеинот, пробајте едноставен трик – сварете турско кафе без шеќер и додајте неколку капки лимон. Оваа комбинација може да ја ублажи главоболката и да ве освежи. Освен што делува брзо овој природен лек е лесен за подготовка. Дополнително кофеинот ја подобрува циркулацијата, а лимонот го освежува телото. 
Како што пишуваат проверувачите на факти на „Франс Прес“ тврдењето дека кафе со лимон може да ги ублажи главоболките не е точно. Здравствени експерти за проверувачите на факти на „Франс Прес“ потврдиле дека иако кафето може привремено да ја ублажи болката, неговото комбинирање со лимон може да ја влоши главоболката кај некои луѓе. Консултација со лекар ги советувал граѓаните и Одделот за здравство на Тајланд кои страдаат од главоболки, а тука го наведуваме дека првичната објава потекнува токму од блог во Тајланд. 
Објавата таму почнала да циркулира уште на 28 август 2019 година на блогот за здравје и начин на живот со седиште во Тајланд.

Тврдењето, сепак, е погрешно.

Типради Конгсуван, нутриционист во Бирото за исхрана при Одделот за здравство на Тајланд, изјави за АФП по телефон на 18 август 2020 година:

Пиењето црно кафе помешано со сок од лимони не може да излечи главоболка. Кофеинот во црното кафе може да помогне да се олеснат главоболките ама не треба да се пијат повеќе од 2-3 шолји дневно, бидејќи може да влијае на крвниот притисок. Всушност, лимоните може да направат главоболката да стане посилна. Тие што страдаат од чести главоболки треба да одат на лекар, а не да пијат црно кафе со лимон или други домашни лекови.

Доктор Адихан Чуаџинда специјалист од Тајланд од болницата „Фра Нангклао Хоспитал“ од одделот за интерна медицина, исто така за „АФП“ изјави дека не би препорачал пиење кафе помешано со лимон како лек за главоболки.

На 19 август 2020 тој изјавил за „Франс Прес“:

Никогаш не сум слушнал дека пиење црно кафе со лимон е лек за главоболки. Црното кафе има кофеин што може да ги ублажи слабите главоболки но нема да ги излекува силните главоболки како мигрените. Докторите не препорачуваат и не обесхрабруваат јадење лимони кога имате главоболка. Мислам дека најдоброто решение кога имате главоболка е да отидете на лекар за да ја дијагностицира вашата состојба и да ја третира како што треба.

И платформата во Тајланд креирана од страна на тајландската влада во склоп на нивното Министерство за дигитална економија и општество, на 17 август 2020 објави дека се работи за дезинформација.

Не ја споделувајте дезинформацијата дека пиењето кафе со сок од лимони лекува главоболки. Бирото за нутриционизам при Одделот за здравје појаснува дека пиењето црно кафе со лимон за да се подобри состојбата со главоболките не е вистина. Иако една чаша кафе може да ги подобри главоболките, високи дози на сок од лимони може да ги влоши главоболките кај некои луѓе, пишува во нивното соопштение.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од...

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа...

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...