fbpx

Јункер: Квотите за распоредување бегалци мора да се обврзувачки

-

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска во својот говор за состојбата во Европската унија повика на одлучно дејствување и на соочување со бегалската криза, повикувајќи ги земјите-членки бргу да се договорат за расподелување на 160.000 бегалци, кои сега се наоѓаат во Италија, Грција и во Унгарија.

– Денеска предлагаме друг механизам за преселување 160.00 луѓе. Ние, Европејците, мораме да ги примиме луѓето – рече Јункер во својот говор, додавајќи дека квотите за распоредување меѓу земјите-членки мора да бидат обврзувачки.

Јункер рече дека одлуките мора да бидат храбри и оти нема време за страв. Тој рече дека очекува земјите-членки за тоа да постигнат договор уште следната недела на состанокот на министрите за внатрешни работи.

Во својот говор, Јункер предупреди дека бегалците не може да се избираат според нивната религија, критикувајќи ги некои од земјите-членки кои изразиле подготвеност да примат само христијани. Тој рече дека барателите на азил, исто така, мора да стекнат право на работа уште од првиот ден.

– Треба да ги смениме нашите закони за да им се овозможи на мигрантите да работат штом ќе стигнат на територијата на ЕУ – рече Јункер.

По распоредувањето на 160.000 бегалци, ЕУ треба да воспостави постојан механизам за распределба на бегалци за во иднина полесно да се справува со кризата.

Јункер рече дека Комисијата предлага сите земји од Западен Балкан кои се кандидатки за членство во ЕУ и Турција да се прогласат за безбедни, што значи дека граѓаните од тие земји нема да можат да сметаат на азил и на меѓународна заштита.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...