fbpx

Јункер: Грција би можела да биде исфрлена од еврозоната ако не го почитува договорот

-

Новата влада на Грција, која ќе биде избрана по изборите на 20 септември, мора да го почитува финансискиот договорот со еврозоната или ЕУ ќе може да донесе одлука Грција да не биде дел од групата земји со заедничка валута, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

– Особено е важно да признаеме и да кажеме дека грексит не е опција. Ако тоа не го кажевме јасно и гласно, грексит можеше да се случи – рече Јункер во обраќањето пред Европскиот парламент.

– На ЕУ ѝ е задоволство да ја има Грција како член, а јас во последните месеци бев многу загрижен поради коментарите Грција да ја напушти ЕУ – рече Јункер.

Претседателот на ЕК рече дека е постигнат договор за новата финансиска програма за Грција и додаде дека би сакал сите идни грчки влади да го почитуваат.

– Овојпат мораме да сфатиме дека навистина сме сериозни и оти бараме почитување на договорот што го постигнавме. Ако овојпат не се почитуваат договорените правила, реакцијата на Европската унија и на еврзоната ќе бидат поинакви – рече Јункер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...