fbpx

Јункер го предупредил Трамп дека колапсот на ЕУ води кон нова војна на Балканот

-

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го предупредил претседателот на САД, Доналд Трамп, дека евентуален колапс на Европската Унија ќе доведе до нова војна на Балканот.

Јункер во интервју за „Фајненшал тајмс“ изјавил дека во разговор со новиот заменик-претседател на САД, Мајк Пенс, гп предупредил Трамп да престане со реториката што поттикнува и други држави да си заминат од ЕУ по одлуката Британија да ја напушти Унијата.

„Му реков на заменик-претседателот: „Не велете го тоа, не канете ги и другите да си заминат, бидејќи ако ЕУ пропадне, ќе имате нова војна на Западен Балкан“, вели Јункер за „Фајненшал Тајмс“.

Според Јункер, многу е важно Балканот да ја има можноста и перспективата за приклучување кон европското семејство.

„Ако ги оставиме сами Босна, Република Српска, Македонија, Албанија, сите овие држави – тие повторно ќе имаат војна“, посочил Јункер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...