Јубилејно 20 издание на „Е-општество“: Да ги разбереме вистинските придобивки на дигитализацијата

Конференцијата ја отворија Узлем Џанел, амбасадорката на Кралството Холандија како и извршниот директор на „Метаморфозис“, Бардил Јашари

-

Дигитализацијата и дигиталната трансформација се важни процеси во денешното општество, а многумина лошо ја сфаќаат, односно, не ги разбираат нејзините вистински придобивки. Затоа, треба да се трудиме да овозможиме дигитално да се спроведуваат процесите и услугите кои се важни за граѓаните.

Ова беше истакнато денеска на отворањето на јубилејното 20 издание на меѓународната конференција „Е-општество“, во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, која годинава воедно одбележува 20-годишно постоење. На настанот кој трае денеска и утре, во фокусот се теми поврзани со создавање дигитално општество кое ги задоволува потребите на сите и општество кое ги почитува човековите права и ги засилува демократските процеси низ градењето подобар живот.

Конференцијата ја отворија Узлем Џанел, амбасадорката на Кралството Холандија како и извршниот директор на „Метаморфозис“, Бардил Јашари.

„Со поддршка од моето Министерство за надворешни работи на Холандија, „Метаморфозис“ спроведува проект против дезинформации, па како резултат на тој проект многу новинари ги зајакнаа своите капацитети за побивање митови и погрешни информации со штетни влијанија. Новинарите и медиумите играат клучна улога и имаат цел да ги едуцираат своите граѓани, да бидат внимателни оти информации доаѓаат од различни канали. Воедно и сајбер безбедноста е нешто со што мора да се занимаваме кога зборуваме за борбата против дезинформациите и погрешните информации“, истакна амбасадората.

Директорот Јашари истакна дека годинава се одбележуваат 20 години од формирањето на „Метаморфозис“, а се осврна на активностите во изминативе две децении и на заложбите за справување со предизвиците преку употреба на технологијата.

Фото: Метаморфозис

„Дигиталната технологија брзо се развива. Кога почнавме пред 20 години, во тоа време, според првото истражување што го направивме, 4 до 5 отсто од граѓаните имаа пристап до интернет. Со поддршка на донатори и наши партнери почнавме да работиме на проблеми со заштитата на приватноста. Говорот на омраза стана и е проблем, па имавме активности и на таа тема. Сега сме во период на борба против дезинформациите. Многу содржни поттикнуваат омраза, многу содржини се погрешни и поради тоа со нашите партнери работиме на решавање на овие проблеми. Тие не може да се решат индивидуално и затоа „Метаморфозис“ промовира инклузивен пристап“, истакна директорот Јашари.

Тој потсети дека фондацијата низ годините стана членка на неколку мрежи, зашто според него, силата е во солидарноста.

„Сметаме дека посилни сме ако сме солидарни. Членки сме на Европската иницијатива за дигитални права, која го штити правото на изразување. Членови сме на различни меѓународни мрежи и тие се придобивка во нашата работа. Ни овозможуваат поефикасно да се справиме со предизвиците со кои се соочуваме“, истакна Јашари.

На сесијата насловена како „Има ли аир од дигиталното општество?“, зборуваа д-р Марјан Гушев професор на Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство, Станислав Василковски раководител на одделение за апликативно одржување на ИКТ системи о Министерство за дигитална трансформација, Весна Иваноска, директорка на Киншифт Академија и потпретседателка на Управниот одбор на МАСИТ, како и Ана Тоскиќ Цветиновиќ, директорка на Партнери за демократски промени Србија. Сесијата ја модерираше Мила Јосифовска Даниловска, програмска координаторка во „Метаморфозис“.

„За да добиеме што поголем фидбек од сите страни во однос на тоа како да го подобриме дигиталното општество во државата, мора да соработуваме сите институции, граѓанскиот сектор, академската заедница. Инклузивноста во овој процес е клучен дел. Министерството има за цел да ги направи процесите за да може граѓанинот да стаса до одредена услуга, без да го боли глава и да собира документи по секоја институција поединечно“, истакна Василковски, кој кажа дека министерството акцент става на националната ИКТ стратегија, како и на сајбер-стратегијата.

Иваноска, пак, во своето излагање истакна дека компаниите мора да го покачат својот мерлив импакт во општеството.

„Ги имаме технолошкиот натпревар како природна средина на бизнисите, заедно со ЕУ регулативата од друга страна. Кога е капацитетот во прашање, мора да тргнеме од непобитни индикатори за земјава, еден од нив е образованието. Знаеме дека слабо котираме на меѓународните тестирања, на Шангајската листа, на дигитални вештини генерално, просек кој е понизок од европскиот просек“, истакна таа.

Тоскиќ Цветиновиќ, директорката на Партенри за демократски промени од Србија, потсети дека тие се партнер на многу ницијативи кои ги спроведува „Метаморфозис“.

„Сметам дека потребно е да имаме значајни регулативи и институции кои ќе можат да ги спорведат тие регулативи. Сакаме да се обидеме да ги ставиме во средината човековите права, но тоа е тешко кога дигитализацијата е приоритет во агендата. Со приоритетизирањето на дигитализацијата, човековите права се забораваат, а граѓанските организации се овде да ги вратат во фокусот“, кажа Тоскиќ Цветиновиќ.

Кристијан Лазарев, студент на ФЕИТ и лице со оштетен вид зборуваше за тоа како технологијата им помага на лицата со попреченост. Фото: Мета.мк

Во рамки на следната сесија, лица со попреченост демонстрираа користење на AI асистенти, а презентацијата ја извршија Васил Танески, пензиониран програмер како и Кристијан Лазарев, студент на ФЕИТ и основач и претседател на Асоцијацијата за пристапност и инклузија. Публиката погледна видеа, кои прикажаа како лице со оштетен вид на улица, преку користење телефон, се информира за она што го гледа пред себе.

„Јас сум студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Пораснав со технологијата и пред целосно да го изгубам видот и мислам дека таа е неразделив дел од животот на секој човек во денешницата. Сметам дека технологијата им помага и е важна за лицата со попреченост. Не се чудете ако за некое време среќавате луѓе со оштетен вид кои ќе препознаваат на улица различни објекти, различни работи“, истакна Лазарев.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...