fbpx

ЈСП нуди бесплатен превоз за „Бела ноќ“

-

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје денеска соопшти дека ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“. Право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани од 18 часот во сабота (1 октомври) до 5 часот во недела (2 октомври).

„Потсетуваме дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје“, соопштува ЈСП.

„Бела ноќ“ и годинава ќе биде мултимедијална вечер со богата културна програма која ги опфаќа сите културни установи. Ќе има изложби, театарски претстави на отворено, настапи на камерен оркестар, кино проекции, магионичарско и жонглерско шоу, настапи на диџеи и поетски читања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...