ЈСП: Бесплатниот превоз за ученици и средношколци во Скопје не важи за време на летниот распуст

Фото: Архива на „Мета.мк“

ЈСП-Скопје ги информира основците и средношколците дека ученичките билети за бесплатен превоз не важат за време на летниот распуст. Наместо бесплатен превоз, во претстојните летни месеци на основците и на средношколците им се нуди можност да купат месечен билет по повластена цена. Месечен билет за јули или август чини 600 денари, информираат од ЈСП.

Месечниот билет за основците и средношколците важи за сите градски и приградски линии од скопскиот јавен превоз.

Последниот училишен ден основците и средношколците го имаа на 10 јуни и до почетокот на септември тие ќе бидат на летен распуст.