fbpx

Јолевски: Пристигнати инструментите за биометриско регистрирање на мигрантите

-

Mинистерот за одбрана, Зоран Јолевски, информираше дека се пристигнати инструментите за биометриско регистрирање на мигрантите, кои ќе се предадат на МВР, како институција што ја врши нивна регистрацијата.

Инаку, во периодот од полноќ до 24.00 часот на 15 декември, издадени се потврди на вкупно 2.426 странски државјани, од кои 1.046 се од машки пол, 476 се од женски, 873 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 31 се деца што патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на  Сирија – 995, Авганистан – 815 и на Ирак – 616.

Во периодот од 19 јуни годинава до 15 декември, издадени се потврди на вкупно 341.920 странски државјани, од кои 190.131 се од машки пол, 55.968 се од женски, 77.904 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 17.917 се деца што патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 195.616 потоа на Авганистан – 83.498, Ирак – 41.365, Иран – 6.231, Пакистан – 5.416, Палестина – 2.158, Сомалија – 1.276, Бангладеш – 1.253, Мароко – 1.317, Конго – 514, Алжир – 453, Либан – 434,  Нигерија – 279, додека другите се во помал број.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...