Фото: Pixabay.com

Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид на местото на пожарот кој утрово се случи во станбена зграда во Гостивар, каде животот го загуби седум годишно дете кое за време на пожарот било врзано со синџир.

Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно, стои во соопштението на ЈО

„Во моментов се очекува пристигнување и на специјална екипа од Одделот за криминалистичко–технички испитувања и вештачења при МВР, со цел испитување на причините за пожарот во кој, како последица на задушување, животот го загуби едно дете на 7 годишна возраст“, соопштија од Јавното обинителство на РСМ.

Додаваат дека е издадена наредба за обдукција на телото на починатото дете и дека се разговара со очевидците на настанот. По наредба на јавниот обвинител, се врши прибирање на трагите од лице место, кои треба да помогнат за прецизно утврдување на причините за настанатиот пожар.

„Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со синџир на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност“, стои во соопштението на ЈО.