fbpx

Јазично-театарски камп по германски јазик во Охрид

-

Во рамките на проектот „Училишта-партнери на иднината“, на Гете-институт од Скопје во соработка со Гете-институт од Анкара, во Охрид ќе учествуваат по 15 ученици од Македонија и од Турција на летен јазично- театарски камп, во периодот од 20 до 30 јуни.
Кампот се спроведува по седми пат во неколку основни училишта во Македонија, меѓу кои е одбрано и охридското училиште „Григор Прличев“. Работниот јазик на работилниците ќе биде германски.

Училиштето „Григор Прличев“ е едно од трите партнер-училишта на Гете-институтот.

– Камп од ваков вид првпат се организира во Охрид и чест ни е што токму во нашето училиште ќе го организираме. Учесниците од Македонија ќе бидат сместени во внимателно одбрани гостински фамилии, кај ученици од основното училиште „Григор Прличев“, додека учесниците од Турција ќе бидат сместени во турски фамилии во Охрид, со посредство на Институтот „Јунус Емре“ преку госпоѓа Јилдиф Али. За време на активностите, за учениците постојано ќе се грижат седум наставници како од Македонија, така и од Германија. Целта на кампот ќе биде создавање театарско дело во кое ќе бидат преплетени три култури и три јазици: македонски, турски и германски – вели наставничката по германски јазик, Ивана Маховска.

Пред завршувањето на кампот, на 29 јуни, во цркватата „Св. Софија“ во Охрид ќе биде изведена претставата „Бескрајна приказна“, која учениците ќе ја подготвуваат во текот на обуката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...