Фото: Арбнора Мемети

Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје (ЈСП Скопје) информира дека в петок (1.01.2021 година), возилата од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, по 6:30 часот наутро на градските линии, односно по 7 часот на приградските линии. Распоредот на првите вклучувања на сите градски и приградски линии, граѓаните може да го проверат овде.

Инаку, на 1 јануари (петок), 2 јануари (сабота) и 3 јануари (недела), автобусите од градскиот и приградскиот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. На 2 и 3 јануари првите вклучувања на сите линии од јавниот превоз ќе бидат во вообичаените термини, велат од ЈСП-Скопје.

Тие информираат дека утре, четврток (31.12.2020 год), сите билетарници и центри за персонализација во Скопје ќе работат до 17 часот.

В петок (1.01.2021 год), билетарниците нема да работат, а во сабота (2.01.2021 год) ќе работат вообичаено.

В недела (3.01.2021 год) дежурни од 7 до 19.30 часот ќе бидат билетарниците на Зелено пазарче и Транспортен центар, а од 7 до 13.30 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.