Јавниот долг во првото тримесечје достигна 62,5 отсто, а државниот 54,1 отсто од БДП

-

Во првото тримесечје од годинава, јавниот и државниот долг се во рамки на проекциите и по повлекување на средствата од осмата еврообврзница забележуваат благ раст од 2,3 и 2,9 процентни поени. Притоа, јавниот долг изнесува 62,5 отсто, додека државниот е 54,1 отсто од БДП, соопшти Министерството за финансии.

Издавањето на осмата еврообврзница од 700 милиони евра, со историски најниска каматна стапка од 1,625 отсто, е со цел рефинансирање на еврообврзницата од 2014 година, со каматна стапка од 3,975 отсто.

„Други исплати и повлекувања кои влијаеја на состојбата на државниот и на јавниот долг во првото тримесечје од 2021 се: намалување на состојбата на државните хартии од вредност за 23,4 милиони евра, емисијата на 19-та емисија на Обврзница за денационализација од 11,5 милиони евра, повлекување 11,8 милиони евра странски кредити за владини проекти и 8,9 милиони евра од јавни претпријатија. Отплатени се обврски по основ на главнина во износ од 44,5 милиони евра“, соопштија од ова министерство.

Според проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг, се оценува дека до 2025 тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 58,8 отсто од БДП, а државниот долг ќе се сведе на 51 отсто. Тоа ќе се реализира преку постепено намалување на буџетскиот дефицит, како и со забрзување на економскиот раст.

Инаку, како резултат на ковид-кризата, според ММФ, кај речиси сите европски земји (освен Норвешка) има висок раст на државниот долг во 2020 година, во споредба со 2019. Така: Шпанија има раст на долгот од 27,5 процентни поени, Италија од 27, Грција од 24,3, Албанија од 15,6, Словенија од 14,9 и Хрватска од 14,5 процентни поени раст на долгот.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...