fbpx

Јапонците ја потврдија заинтересираноста за доградба на колекторскиот систем

-

Претставници на јапонската владина организација за надворешна трговија, со седиште во Виена, деновиве во Охрид ја презентираа технологијата на компанијата „Секи Суи хемикал“ за изградба и за одржување на колекторски системи околу Охридското Езеро. Со оглед дека веќе се остварени контакти на владино ниво помеѓу Македонија и Јапонија за економска и за техничка соработка, се очекува наскоро проектотот да биде финализиран.

Јапонските експерти се сретнаа и со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Претставникот на ЈЕТРО за Балканот, Хиро Фуми Оно, повтори дека јапонската влада е подготвена преку свои компании да инвестира во вакви системи, со претходно изработена студија за оправданост. Тој подвлече дека наскоро се очекува од јапонската агенција за меѓународна соработка да бидат објавени резултатите од студијата за колекторскиот систем на Охридско Езеро, по што ќе може поконкретно да се зборува за реализација на проектот за ревитализација и за доградба на истиот.

Дејан Паноски од Билатералниот македонско-албански секретаријат за заштита на Охридско Езеро, вклучен во реализацијата на проектот, тргнувајќи од последните зафати на надлежните, кои не одат во прилог на заштитата и статусот пред УНЕСКО како природна и културна вредност, истакнува дека без зачуваната природна и културна реткост на охридскиот регион, ќе опадне и значењето и вредноста на самиот Охрид.

– Проектот за рехабилитација на колекторскиот систем, договорен помеѓу владите на Македонија и на Јапонија, ја привршува стручната еколошка фаза, т.е. подготвувањето на студијата за оправданост. Набргу ќе следи финансиската фаза, во која ќе се договараат финансиските услови за реализаија на приоритетните мерки. Од јапонските експерти и фирми, во тек е презентација на технологиите за рехабилитација на системот (обвивање на цевките со ПВЦ-материјал без ископ на улиците) што е технологија исклучиво корисна за Охрид како туристички град. Сè на сè, неопходно е без одложување и целосно да влеземе во овој процес (иако е скап и долгорочен) затоа што колекторскиот систем веќе е деградиран и може да предизвика сериозно загрозување на квалитетот на водите на Охридско Езеро. Неговото санирање е под назнака „мора“ и „итно“ ако сакаме да обезбедиме стабилна иднина на eзерото и треба да го искористиме овој момент на помош од јапонската влада и експертиза – додава Паноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...