fbpx

Јанукович за „Би-Би-Си“: Жалам за крвопролевањето во Украина

-

Поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович, во интервју за „Би-Би-Си“, кое е негово прво интервју за западен медиум по неговото соборување од власт, рекол дека прифаќа дел од вината за убиствата на демонстранти за време на протестите на плоштадот Мајдан, во Киев, во февруари минатата година, настан што беше увертира за крвавиот конфликт во земјата и за негово симнување од власт.

Јанукович за „Би-Би-Си“ рекол дека тој не им наредил на безбедносните сили да стрелаат кон демонстрантите, но додал дека смета оти не сторил доволно за да го спречи крвопролевањето.

„Не дадов никаква наредба (за користење огнено оружје), тоа не беше под моја надлежност… Јас бев против употреба на сила и против крвопролевање“, рекол Јануковч и додал дека „припадниците на безбедносните сили ги исполниле своите должности во согласност со постојните закони“.

Повеќе од 100 луѓе ги загубија животите на плоштадот Мајдан, во судирите меѓу полицијата и демонстрантите што траеја со месеци.

Во февруари 2014 година, Јанукович, по соборувањето од власт, беше однесен од руските специјални сили на безбедно место во Русија.

Поранешиот украински претседател, анексијата на Крим од Русија ја нарекува трагедија, која немало да се случи ако тој останел на власт.

Тој ги отфрили сите обвинувања дека проневерил пари од државните фондови на Украина и дека криел пари на сметки во странски банки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...