Јанкуловска доби ослободителна пресуда за „Тврдина“, Горан Грујевски осуден на 14,5 затворска казна

Бошковски доби 9 години и 10 месеци за делото злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК

-

Екс разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски кои избегаа во Грција која, пак, не ги екстрадираше, добија највисоки казни во предметот „Тврдина“ – Грујевски е осуден на 14 и пол години затворска казна, а Бошковски доби 9 години и 10 месеци за делото злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК.

Освен тоа, согласно пресудата, Тони Јакимовски доби казна затвор од три години, а условно беше осудена Валентина Симоновска на две години, а казната нема да се спроведе доколку во рок од пет години не направи друго кривично дело.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, доби ослободителна пресуда бидејќи Обвинителството не докажало дека го сторила делото.

„Повредени беа човековите права на огромен број граѓани, бизнисмени и политичари. Се упадна во приватноста. Со прислушувањето се контролираа процеси и се контролираа бутновните граѓани. Со упадиот во системот, се овозможи кривичното дело за прислушувањето да застари“, рече судијата Илија Трпков во образложението на пресудата.

Повторената пресуда за предметот „Тврдина“ следуваше откако застаре гонењето за делот „Таргет“ за масовното прислушување каде што меѓу обвинетите беше и екс шефот на УБК, Сашо Мијалков.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...