fbpx

Јанкулоска: Обрасците за пасоши ги набавуваме од германска фирма и го знаеме точниот број

-

Опозицијата преку своето партиско гласило се обиде да создаде една непријатна атмосфера, но ниту на последните избори, ниту на кои било други, Државната изборна комисија нема пријавено некакви неправилности со фалисфикувани патни исправи, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која беше гостин во вестите на телевизија „Сител“.

– Ниту граничните премини не пријавиле или се соочиле со документ кој е фалисфикуван. Досега не стигнала пријава за злоупотреба на документи. Во интерес на вистината, би истакнала дека системот подразбира набавка на обрасци од германска компанија кои потоа се обработуваат во Република Македонија. Македонските пасоши се меѓу најбезбедните документи во Европа, па можноста за злоупотреба е сведена на нула и не е можно да се направи во домашни услови. Имаме и евиденција на точен број набавени и реализирани обрасци – изјави Јанкулоска.

Според неа за исчезнатата опрема АФИС се води дебата, која ја водат некомпетентни лица.

– АФИ-системот служи за споредба на отпечатоците на прсти. Личните документи што ги правиме по ИСО-стандарди немаат никакви допирни точки со АФИ-системот. Тоа не е систем за изработка на лични документи. Ова е уште една инсинуација, која не е аргументирана. Досега во МВР никој не пријавил дека нешто е исчезнато. Затоа оваа приказна, која партиските гласила се обидуваат да ја пласираат во јавноста, е наметната нестручно, за да се создаде атмосфера за некаков случај – истакна Јанкулоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...