fbpx

Јанкулоска на Мијалков: Луда банда се тие од лустрациска, ги знаеш

-

Во следниот разговор што денеска на прес-конференција го објави Зоран Заев, Никола Груевски зборува со Гордана Јакулоска за Воената болница. Тој ѝ објаснува дека зборувал со директорот, кој му сугерирал дека нема да може да функционира болницата ако се вработат луѓето според партиските препораки. Груевски ѝ објаснува дека сака да предложи 30 луѓе да вработи според партиската листа, а потоа да ги прими и неговите пет луѓе.

Јанкулоска и Мијалков, пак, во друга снимка, зборуваат за нови вработувања во МВР. Мијалков ѝ вели дека мора да се вработат 1.000 луѓе. Министерката вели дека тоа е нереална бројка. Таа му објаснува дека одат во пензија околу 250 луѓе и може да се вработат нови 300 луѓе. Мијалков, пак, ѝ објаснува дека ќе му требаат само за во УБК нови 100 луѓе и дека без нив не можат да ги работат камерите, леталата, а немале ни оператива.

Јанкулоска и Ставрески зборуваат за кратење расходи од буџетот за капитални инвестиции. Јанкулоска му објаснува дека таа не располага со тие пари и не може да го реши тој проблем. Јанкулоска вели дека се вработиле повеќе од 600 луѓе. Таа се жали дека се вработувле луѓе во музеи, библиотеки, за што Ставрески ѝ објаснува дека тие се нечии миленичиња.

Јакулоска и Мијалков зборуваат за избор на обвинителката Гордана Гешковска и директорот на УБК ја прашува министерката дали има некој ургенција. Таа вели дека има, но таму по закон мора само со академија да се избираат. Тие зборуваат за некоја судијка од Кичево, а Мијалков прашува дали е таа чиј маж е од Комисијата за лустрација.

– Луда банда се тие, ги знаеш – му вели Јанкулоска за членовите на комисијата.

Заев на крајот рече дека има многу материјал за објавување, но како одговорна опозиција нема да дозволи Груевски да ја втурне Македонија  во несакани сценарија.

Заев објави дека снимката за вработување на 1.000 луѓе во МВР е од мај 2013 година.

– Ќе објавуваме материјали сè додека не падне оваа власт – изјави Заев на прашањето до кога ќе ги објавува снимките.

Тој рече дека сакаат да дадат шанса на преговорите.

– И во најсилните и најголеми војни, се постигнал договор. Преговараме затоа што граѓаните тоа го бараат. Граѓаните се гневни. Ние сме поинакви од оваа врхушка на власт. Ние ќе дадеме сè за по мирен пат да си замине оваа власт. Веруваме во вистината и мислиме дека и успешноста ќе дојде. Само ве замолувам за трпение. Одговорноста е заедничка – рече Заев.

За гранатирањето на Владата, Заев рече дека никој нема право да каже дека тоа се случува поради објавувањето на материјалите од опозицијата.

– Јанкулоска и Мијалков мора да кажат зошто тоа се случува – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...