fbpx

Јанкулоска ги посети новите полицајци на обука во Центарот во Идризово

-

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ги посети новите 440 полициски службеници во Центарот за обука во Идризово, селектирани по последниот јавен оглас на МВР, кои ја почнаа основната обука.

Цел на основната обука за полицаец, нагласи Јанкулоска, е потенцијалните кандидати да ги совладаат основите на полициското работење, а тоа значи дека секој од нив што успешно ќе ја совлада предвидената обука, во согласност со внатрешните процедури, е оспособен да биде полициски службеник во основниот состав.

Во период од 12 месеци, колку што ќе трае обуката, кандидатите ќе поминат неколку модули, и тоа сервисна ориентираност, полициска етика и работење, ќе се запознаат со нивните овластувања и со сè она што ги очекува кога ќе станат полициски службеници, ќе се запознаат со основните прописи што го регулираат полициското работење. Потоа кандидатите ќе се обучуваат за заштита на животот и на имотот, обезбедување во одредени ситуации, како и за совладување на наставните содржини поврзани со сообраќајот, односно сè она што значи сообраќајната култура, но и гранична култура.

– Кога кандидатите ќе ја завршат основната обука за полицаец, ќе бидат оспособени за вршење полициски работи. Ние веќе го имплементиравме менторскиот систем, што значи дека секој кандидат има свој ментор кој ќе го води и ќе му помага во совладувањето на наставните содржини – рече Јанкулоска.

Таа истакна дека само најдобрите ќе склучат договори за вработување на неопределено време.

На огласот распишан за кандидати за полициски службеници кои ќе извршуваат работни задачи на територијата на Градот Скопје, се пријавиле 3.273 лица, од кои најголем дел, 2.703, мажи, а 570 жени.

– Тоа не значи дека кандидатите се само од Скопје, но тие ќе бидат обврзани нивното работно место да биде во Градот Скопје без разлика од кое место потекнуваат. Тоа подразбира дека освен во полициските станици од општа надлежност, СВР Скопје, може да добијат договор за работа и во некоја од специјалните единици – појасни Јанкулоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...