Јаневска: За седум години во државата има 17 илјади ученици помалку, а бројот на студенти е намален за 7 илјади

Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите државни универзитети и генерацијата дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, за да се види каков е степенот на вработливоста

-

Се трудиме да го унапредиме квалитетот на образованието, кое во минатото често беше причина за младите да си заминуваат во други земји барајќи подобри образовни можности. Ќе направиме крупни промени, но потребна е посилна соработка со сите чинители, а особено со универзитетите и бизнис заедницата, за да го стопираме процесот на миграција. Ова го истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, истакнувајќи дека се работи за голем предизвик, со оглед дека за седум години во државата имало 17 илјади ученици помалку, а бројот на студенти е намален за 7 илјади. Податоците беа кажани на настан на Економскиот факултет во Скопје, на кој беа презентирани резултати од проектот „Skills4Justice“ што адресира прашања поврзани со миграцијата на населението, а се спроведува во рамки на програмата Хоризонт на Европската Унија.

„Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите државни универзитети и генерацијата дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, за да видиме каков е степенот на вработливоста, односно дали овие студенти веќе се вработиле и за колку време по дипломирањето, дали стекнатите знаења и вештини им се применливи на работното место, дали се задоволни од приходите од работата и слично. Тоа ќе ни помогне да увидиме попрецизно каков квалитет продуцираат нашите универзитети и што е тоа што треба да се промени“, рече Јаневска.

Истражувањето треба да покаже дали се потребни нови студиски програми, дали е добро да се воведат интердисциплинарни студии, повеќе практична настава на одредени факултети, редефинирање на квотите.

Министерката информирала дека во процес на подготовка е нов Закон за високо образование, кој ќе биде добра основа за високото образование.

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Репортажа од мултимедијалната промоција на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА

На 9 мај, во креативниот простор „Бејс42“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА — четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста,...

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на...
Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact...