На Славјанскиот универзитет се откриени неколку неправилности. Институцијата ќе има сериозни последици доколку се докаже фалсификат. Две дипломи се поништени, има многу нерегуларности од полагање на 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ-системи, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
„Од еден предмет на четири ЕКТ-системи признаени се два со по седум ЕКТ-кредити. Издадена е и диплома од 2016 на која има печат со Република Северна Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018 година“, изјави денеска Јаневска.
Министерката кажа дека ако се докаже фалсификатот, универзитетот ќе има сериозни последици. Таа пред два дена информира дека освен случајот со Славјанскиот универзитет, предмет на Обвинителството е и оној со Филозофскиот факултет при УКИМ, каде што претходно беа откриени низа неправилности.
