Специјалната обвинителка, Катица Јанева, заедно со обвинителите Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева и Бирум Рустеми и со истражителот Атанас Гинев, вчера и завчера учествувала на семинар кој се одржал во Будва, Црна Гора, соопштија од Специјалното обвинителство.
Семинарот, кој се одржал под покровителство на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Подгорица, бил на тема „Финансиски истраги и меѓународна соработка“.
„На семинарот се дискутираше за новата регулатива во областа на финансиските истраги, идентификацијата на сомнителните трансакции и соработката со финасиските институции, меѓуинституционалната соработка, меѓународните и регионални искуства во финансиските истраги и искуствата на Црна Гора во финансиските истраги“, стои во соопштението на обвинителството, кое ќе ги истражува наводите што произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори.