fbpx

Јанева ќе биде одговорна ако се загрози националната безбедност, вели Андонов

-

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, денеска на прес-конференција рече дека Управата за безбедност и контраразузнавање и МВР се подготвени да соработуваат со СЈО.

Тој рече дека до вечер или најдоцна до утре ќе се спроведат сите барања на СЈО.

– Денеска и технички ќе се овозможи да се издвојат тековните од оние ПИ-мерки кои се веќе завршени – рече Андонов.

Тој го обвини СЈО дека како политички партнер на СДСМ ги подигнало тензиите во УБК, не водејќи сметка за загрозувањето на националната безбедност и за можна конфронтација меѓу дел од единиците или пуч во МВР.

Андонов рече дека вчера пред да се појави во УБК, Јанева поминала неколку часа на состанок кај министерот Оливер Спасовски, „за да ја подготват деструкцијата во МВР“.

– Приватните забави на Јанева и на Спасовски се нивна работа и можат да ги прават во нивни простории, а не во МВР. Јанева обезбеди судска наредба дури по 16 часот и тогаш ѝ беше дозволен влез во просториите на МВР. А зошто беше употребена единицата „Алфа“, дали тоа беше за да се предизвика одговор од некои други единици, да се предизвика тензија или пуч во МВР – рече Андонов.

Дополнителниот заменик-министер рече дека ако настане некоја последица по националната безбедност при подигнувањето на податоците што ги бара СЈО, одговорноста ќе ја барал кај Катица Јанева.

Прашан, како е можно двајцата техничари што имаат пристап до системот за следење на комуникации да се на пат, Андонов рече дека процената за тоа ја прави директорот на УБК и дека тој, како дополнителен министер, смета дека со тоа не е загрозена безбедноста на државата.

Инаку, од МВР брифираат дека сè уште не се вратени двајцата техничари и дека директорот на УБК треба да даде одговор каде се, дали тие се на пат и кога ќе се вратат, бидејќи тој ги потпишува налозите.

Обвинители и истражители на СЈО сè уште се во петтата управа заедно со комисијата од МВР што била формирана на барање на СЈО.

Комисијата е составена од еден крим-техничар, тројца претставници на УБК и од еден информатичар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...