Јанева: Доста беше, судиите не може веќе да се кријат зад функциите

-

Досега ги игнориравме, но веќе е време јавноста да знае дека судиите не може да се кријат зад своите функции, повикувајќи се на имунитетот и на слободното и независно судиско искажување, бидејќи овде се работи за повреда на кривичната постапка, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за „Дојче веле“, а во врска со случувањата на денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар, во јавноста познат како случај „Шамари“.

Јанева потсетува дека голем број одлуки на Европскиот суд за човекови права во Стразбур се однесуваат токму на повредата на таа процедурална рамка и најавува повеќе жалби до Советот за утврдување факти, како и кривична пријава.

– Веќе се подготвени жалби до Советот за утврдување факти, за судии кои ја повредуваат кривичната постапка во делот на предистражната и на истражната постапка, но и во делот на закажаните рочишта по предмети. Таква претставка ќе има и за судијката Татјана Михајлова, а против неа ќе поведеме и постапка по членот 361 од Кривичниот законик, за фалсификување на службена исправа – вели Јанева.

Како причина за претставката и за пријавата, специјалната обвинителка ги наведува постапките на судијката Михалјова на денешното рочиште.

– Сакавме да прашаме зошто не ни е доставена аудио-визуелната снимка од претходното рочиште, што ја имавме побрано, а не ја добивме. На тоа судијката констираше дека обвинителката Фатиме Фетаи се однесува недолично, бидејќи зела збор без да ѝ го даде судијата, што не беше точно. Зборот „недолично“ судијката го издиктира и во записникот, на што реагирав јас и побарав да го избрише, бидејќи не беше соодветен. Но, таа продолжи, а притоа и погрешно го цитираше името на нашата институција, на што исто така реагиравме – објаснува Јанева.

Поради овие реакции Јанева и Фетаи се казнети од судијката Михајлова по 2.000 евра.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...