fbpx

Јанакиески: Не знам колку сурови да бидеме…

-

Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар, денеска во хотелот „Бест вестерн“ презентираше дел од „бомбите“ што се однесуваат на изборните нерегуларности во таа општина и побара оставки и преодна влада.

Во денеска објавените снимки, според Жерновски, има разговори меѓу директорт на УБК, Сашо Мијалков, и уредникот на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас. Од снимката се слуша како велат дека „многу лесно ќе го стават Андреј Жерновски во машина“, додека, пак, на друга снимка, Мијалков и министерот Миле Јанакиески се договараат како да му легализираат дивоградба на советник од Општина Центар од партијата Нова алтернатива.

 

Андреј ЖерновскиСМ: Ова сеа што ми го прати, што е? Готово решение?

МЈ: Да, да. Решение, само да уплати тоа. Мислам може ние да му платиме, ама мора он да се потпиши и да му издадеме денеска согласност.

СМ: Што да му издадете денеска?

МЈ: Согласност дека му е легализирана куќата. Оти, два чекори се…

СМ: Чекај сега, што да му речам јас на него, ова ти е готово прифаќај?

МЈ: Ти му викаш, еве ти го, те честиме легализација на куќата, да си го уплати…

СМ: Јас ќе му го кажам него вака. Кај мене ти е во канцеларија, утре се гледаме ја и ти.

МЈ: Е, така и готово. Ајде.

СМ: Ама, чекај сеа. Он шо ако рече, јас не сум спремен да ја прифатам работата што треба да му кажам тогаш… или што?

МЈ: Па не знам колку сурови да бидеме, шо да ти кажам.

СМ: Малце е незгодно тоа. У овој случај ако му викаме готово ти е, треба да му кажеме, тоа ти е од нас, те честиме.

МЈ: Ќе го играме после тој и понатаму, јас така мислам, а? Еднаш преминал…

СМ: Мислам дека така е пофраерски, него да му кажеме, слушај, еве, ако не, ништо. Разбираш?

Во снимките, соред опозицијата, можат да се слушнат министрите за внатрешни работи и за здравство, Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров, како разговараат за одговорите на прашањата што ѝ ги поставувале од Државната изборна комисија за избирачкиот список и дека Јанкулоска нема да го прими Жерновски и покрај тоа што тој инсистирал на прием.

Жерновски презентираше и разговори на Јанакиески со Сашо Мијалков, Билјана Бришковска, Ирена Мишева и со премиерот Никола Груевски. Во разговорите со Мијалков и со Груевски, Јанакиески се договара како да се прават неважечки гласачки ливчиња во Центар за да добијат време. Груевски притоа вели: „Да, да. И јас му реков на Нино да поднесуваме, ако не за друго, барем да купиме денови, знаеш. Да си завршиме тука работи што имаме во Центар“.

Миле Јанакиески во разговор со Мијалков, пак, вели „Ќе ја преселам зградата, цела зграда ќе ја преместам, ќе ги затворам да не излегуваат тие од „Бристол“, море ќе ја преселам онаа зградана што е кај Бристол, мамата ќе им ја е… Многу разлика ни направија у п… м…“.

Во разговор со некој Ристе, министерката Јанкуловска вели дека се глупираат со поднесување приговори во Центар, но дека му се јавила за нешто друго: „Море ја за друго те барам. Имале закажано Општина Центар сабајле некои вонгабаритни споменици да местат… Е и сеа тоа можеби ќе беше нормална работа да победевме, ама ние не победивме. Да му свртиш на Зоран Марковски да се мобилизирани и малку повеќе да има на работа полицајци оти може комуњариве да искочат, тоа сабајле ќе биде, они ќе спијат, ама знаеш како, не знаеш што ќе се деси сабајле у 6 часот, уште од вечерва јави му се Зоран Марковски“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...