Извршена е првата трансплантација на генетски модифицирано срце од свиња кај човек

-

Дејвид Бенет е името на американскиот државјанин кој стана првиот човек во светот кому му беше извршена трансплантација на генетски модифицирано срце од свиња, пренесува Би-би-си.

Седумчасовната операција која се изврши во Балтимор од страна на тим доктори од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд беше единствената и последна шанса за да се спаси животот на Бенет кому претходно му било соопштено дека неговата состојба не дозволува трансплантација на човечко срце.

„Изборот беше или оваа операција или да умрам. Знам дека е шанса во темнината, но тоа е мојот последен избор“, изјавил Дејвид еден ден пред операцијата.

Свињата чие срце е искористено за трансплантација била генетски модифицирана со цел да се отстранат некои гени за кои тимот експерти сметале дека ќе доведе телото на Дејвид да го одбие органот.

Фото: Медицински факултет на Универзитетот во Мериленд (medschool.umaryland.edu)

„За медицинскиот тим што ја изврши операцијата ова претставува кулминација на години истражување и доколку Бенет остане жив и неговата ситуација се подобри работите во светот може да се променат“, пишува Би-би-си.

Дејвид за сега се надева дека ќе се опорави за брзо и ќе продолжи со својот живот. Во понеделникот беше соопштено дека тој диши самиот без потреба од апарати и помагала за дишење, но останува под силен медицински надзор.

„Дали тој ќе живее и колку долго сè уште не се знае, но ова е подобра опција од терапијата што би ја примал доколку би одлучил да не прави операција“, изјавил за Би-би-си хирургот Бартли Грифит кој беше дел од тимот лекари што ја извршија операцијата.

ИзворБи-би-си

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...