fbpx

Извозот во првото полугодие бележи пораст од 51,8 отсто во однос на лани

-

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот од јануари до јуни 2021 година, изнесувала 4.107.745.000 американски долари и бележи пораст од 51,8 отсто во однос на истиот период од претходната година, информира Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесувала 5.591.597.000 американски долари, што е за 51,5 отсто повеќе во споредба со периодот јануари-јуни 2020 година.

Статистичките податоци покажуваат дека трговскиот дефицит во периодот јануари – јуни 2021 година изнесувал 1.483.852.000 американски долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.

Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...