Тим од тројца пожарникари -спасители од ТППЕ Струмица, утрово го извлекоа телото на 43-годишниот Д.М. кој вчера се удави во водите на Дојранското Езеро, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Извлеченото тело е предадено на обдукција.
Вчера околу 10 часот наутро, во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранското Езеро се удавил маж. Според информациите од полицијата, лицето од чамец скокнало во водата, пливало неколку метри, по што се удавило.
Во потрагата по телото беа вклучени нуркачки екипи.