fbpx

Известувањето од земјотреси треба да е ослободено од сензационализам и вознемирувачки објави

-

Разорниот земјотрес, кој ја погоди соседна Албанија и предизвика над десетина човечки жртви и значителна материјална штета, беше плодна почва за на социјалните мрежи и медиумите да никнат вознемирувачки, сензационалистички, клик бејт и непотврдени вести, пишува “КриТинк“.

Во ситуација кога ќе се случи некој силен земјотрес што предизвикал човечки жртви, секој сака да прочита и да дознае информација повеќе и тогаш публиката почесто следи медиумски објави и содржини. А, во трката за што поголема гледаност и што повеќе кликови на објавите, медиумите објавуваат несоодветни содржини кои немаат задача да ја информираат јавноста, туку предизвикуваат негативни емоции, паника и страв.

Во брзината да се објават што поексклузивни информации, новинарите многу често не прават селекција што објавуваат па во етер одат вознемирувачки текстови проследени со фотографии и видеа кои длабоко ја вознемируваат публиката.

Ова се дел од сензационалистички наслови на текстови кои осамнаа, неколку часа по земјотресот. Единствената цел на овие написи да привлечат внимание и што поголем број на кликови, а не да ја информираат јавноста. Кога ќе ги кликнете поголемиот дел од овие вести ќе видите дека не се поткрепени со потврдени информации од релевантни извори, туку се чисти шпекулации.

Наjпотресното видео објавено по земјотресот, кое масовно се шири по социјалните мрежи, а го презедоа еден куп медиуми и Албанија и во Македонија, е од мало дете кое неконтролирано плаче во урнатините.

„Слика која го потресе светот: Дете кое е извлечено од урнатините, лежело над мртвиот татко и повикувало да го спасат“

Видео толку потресно за гледање што рамнодушни нема да ги остави дури и оние со најсилен желудник. А, самото видео освен што е шокантно и потресително на никој начин не ја информира јавноста дополнително за да биде објавено и масовно споделувано.

На социјалните мрежи и во медиумите, исто така, се појавуваат и сосема непотребни вознемирувачки фотографии од извлекување на телата на загинатите и на повредени лица на кои што се гледаат повреди и крв.

Целиот текст можете да го прочитате на овој линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...