Извештај на ЕК: Има уште многу работа на реформите, но генерално С. Македонија е на добра основа

Фото: European Commission

Во однос на политичките критериуми, Северна Македонија продолжи со своите напори да ги зајакнува демократијата и владеењето на правото, вклучително и низ активирање низа инструменти за проверка и преку широк опфат кон јавноста на клучните политички и законодавни теми. Земјата ја докажа својата посветеност на исполнување на основните критериуми, вклучително и преку „Европа дома“, се вели во главните заклучоци за најновиот извештај на Европската Комисија (ЕК) за напредокот на земјава во реформите заради нејзино потенцијално вклучување во Европската Унија (ЕУ).

Почетокот на преговорите за членство е блокиран, засега главно поради бугарското вето. ЕК тука само просто ги констатира фактите, без да го напомене развојот на ситуацијата.

„Во однос на регионалната соработка, земјата ги одржа своите добри односи со другите земји во процесот на проширување и го одржа својот ангажман во регионалните иницијативи. Постоечките двострани дговори, вклучително Преспанскиот договор меѓу Северна Македонија Грција, како и Спогодбата за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, треба да се спроведуваат со добра волја од страна на сите потписнички“, се вели во извештајот.

Во резимето на извештајот се нагласува дека првиот круг локални избори се одржал на 17 октомври и дека ОБСЕ-ОДИХР имала своја набљудувачка мисија, при што бил регистриран ограничен напредок во справување со посоченото во препроаките на ОБСЕ/ОДИХР и Венециската Комисија од претходниот извештај досега.

„Треба да се направи сеопфатна ревизија на изборната регулативна и да се заврши постапката за усвојување на соодветните закони навремено и прописно“, се вели во заклучоците од извештајот.

Европската Комисија посочува дека опозициските партии се и понатаму активно вклучени во парламентот и дека во некои ситуации ги поддржале клучните закони сврзани со ЕУ. ЕК порачува да се внимава во поглед на активирање на „брзата постапка“ во Собранието на Република Северна Македонија.

„Сепак, работата на парламентот беше поврзана со политичката поларизираност, надополнета од ковид-19, што на мигови влијаеше на неговото секојдневно функционирање. Треба да се покажат напори за засилување на улогата на парламентот како форум за конструктивен политички дијалог, посебно во поглед на реформската ЕУ агенда. Собранието продожи со остварувањето на своите легислатурни активности. Треба да се обрне големо внимание на употребата на брзите процеруди, коишто мора да бидат лимитирани за да се постигне неопходната контролна функција и консултации со легислативата. Парламентот продолжува со остварување на правилсната надгледна функција над извршната власт. Предлозите за внатрешни реформи на парламентот, договорени во текот на третиот круг на „Дијалогот Жан Моне“ на почетокто на 2020 допрва треба да се спроведат. Меѓуетничките односи остануваат стабилни, во рамките на Охридскиот Рамковен договор“, се вели во извештајот во кој се посочува дека уште треба да се работи на утврдување на кривичната одговорност за Крвавиот четврток.

Граѓанските организации продолжуваат да бидат активни и да вршат важни улоги во реформскиот процес. Потребни се напори за да се обезбеди понавремено, посуштинско и потранспаретнтно консултирање со граѓанското општество. Во контекст на предизвиците во справувањето со кризата со ковид-19, владините и невладините чинители би требало да изградат долгорочни партнерства и да ја засилат постоечката соработка.

Реформата на разунавачкиот сектор, што резултираше во создавање нови структури и развој на нова легислатива, е речиси завршена. Земјата мора да го засили капацитетот за надзор на парламентот врз разузнавачките структури, се вели во Извештајот на ЕК.

Сериозна забелешка во него се дава за готовноста на С. Македонија да ја реформира јавната администрација. Се вели дека е остварен одреден напредок во завршувањето на хоризонталната функционална контрола на државната администрација, но таа треба да биде прифатена од владата.

„Препораките за новите државни административни тела се за подобрени правци на контрола на отчентоста. Тие треба да бидат внесени во соодветната легислатива и да бидат спроведени. Северна Македонија моментално ја ревидира својата законодавна рамка за упраување со човечки ресурси преку ревизија на Законот за административни работниции Законот за службеници во јавна служба. Новата рамка треба да го подобри управувањето со човечките ресурси во целата админситрацијата и ќе придонесе за подобро почитување на заслугите при вработување, унапредување и отпуштање, вклучително и на високо менаџерско ниво“, се вели во делот за реформите на јавната администрација.

Законодавниот систем на С. Македонија има одредено ниво на подготвености, односно умерено е подготвен, се вели во извештајот на ЕК, во кој се потенцира дека е остварен одреден напредок во спроведување на стратегијата за правосудните реформи, во правец на почитување на насоките на Венециската Комисија и Високата експерска група за систематски прашања од владеењето на правото.

„Потребни се дополнителни напори за да се обезбеди систематско спроведување на обновениот акциски план за стратегијата за законодавни реформи и стратегијата за човечки ресурси во судството и во обвинителството. Судските институции продолуваат со спроведување на новите правила за назначување, унапредување, дисциплина и отпуштање на судии и обвинители, Најголемиот дел од внесувањето на легислативата за ревидираниот Закон за Совет на јавни обвинители е завршено. Важно е да продолжи примената на законската рамка и стратегиските планови поврзани со реформата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители“, се вели во извештајот.

Во него се потенцира дека С. Македонија има одредено ниво на готовност, односно е умереното подготвена за спречување на корупцијата и борба против неа.

„Направен е одреден напредок, додека земјата пдоролжува со својата работа на истражување, гонење и судење во неколку корупциски случаи, вклучително и на високо нови, и зајакнување на институциската рамка, посебно кај Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Обвинителството за организиран криминал и корупција. Одреден број случаи беа во првостепено судење и отворени се нови случаи, на основа на истражни материјали од поранешното СЈО“, се вели во извештајот.