Изведени доказите на Обвинителството во случајот за убиствата на Ѓорчевска и Жежовски

Додека траело изнесувањето на доказите, најмногу реагирал Палевски и неговите адвокати

Фото: Мета.мк

Денеска во Основниот кривичен суд продолжи судскиот процес за грабнувањата и убиствата на 14. годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, за кои се обвинети пет лица. На денешното судење беа изведени докази на Обвинителството за локациите каде што биле најдени жртвите, извештаи од психијатриски вештачења, наоди од увидите на истражните органи, најдени траги. Од доказите, Вања и Панче биле убиени со истрели со куршуми со ист калибар од 9 милиметри.

Кога биле истакнати доказите за пронајдените куршуми, првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо приговарал и кажал дека доказите не укажувале на тоа дека има негови отпечатоци од прсти.

Додека траело изнесувањето на доказите, најмногу реагирал Палевски и неговите адвокати.

За убиството на Вања и Панче обвинети се Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Боре Видевски, Велибор Манев, како соизвршители и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој се товари за помагање.