Израелски суд го продолжи притворот на двајца пропалестински активисти земени од флотила што носеше помош за Газа минатиот четврток, соопшти групата за човекови права што ги претставува.

Полицијата има дополнителни шест дена да ги испраша шпанскиот државјанин Саиф Абу Кешек и бразилскиот државјанин Тијаго Авила, објави Би-Би-Си

Тие беа меѓу 175 активисти приведени кога израелските сили пресретнаа 22 брода во меѓународни води во близина на Грција. Другите подоцна беа ослободени на островот Крит.

Израел соопшти дека Абу Кешек е осомничен за поврзаност со терористичка група, а Авила за нелегални активности. Шпанија и Бразил изјавија дека нивното притворање е нелегално и побараа нивно ослободување.

„Денес јасно ставивме до знаење пред судот дека, пред сè, зборуваме за нелегален притвор кој мора да заврши веднаш. Зборуваме за двајца странски државјани кои беа уапсени во меѓународни води на приближно илјада километри од Газа и донесени во Израел против нивна волја.“ изјави адвокатката Хадил Абу Салих која ги застапуваше двајцата на рочиштето. 

Организаторите на GSF изјавија дека обвинувањата против двајцата мажи се неосновани и го обвинија Израел за акти на пиратство според меѓународното право.

Бразил и Шпанија, исто така, побараа итно ослободување на нивните граѓани.