Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение, пренесува Ројтерс.
Израелските медиуми објавија дека, по одобрувањето од страна на Хамас, договорот ќе биде формално објавен во четврток и ќе стапи на сила во недела, со ослободување на првата група заложници.