Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелските одбранбени сили за Би-би-си негирале дека нивни војници залутале на сириска територија и велат дека извештаите за тенкови во близина на Дамаск се лажни. Тврдат дека нивните активности се за да се спречи оружјето да падне „во рацете на екстремистите“ по Асад

-

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310 израелски напади по падот на режимот на Башар Ал Асад во неделата, пренесува Би-би-си.

Цел на нападите биле воени објекти на сириската армија, вклучително и магацини за оружје, складишта за муниција, аеродроми, поморски бази и истражувачки центри.

Сириската опсерваторија за човекови права објави дека нападите ги опфатиле Алепо, Дамаск и Хама, а само во текот на изминатата ноќ биле извршени повеќе од 60 напади.

Израелските одбранбени сили за Би-би-си негирале дека нивни војници залутале на сириска територија и велат дека извештаите за тенкови во близина на Дамаск се лажни. Тврдат дека нивните активности се за да се спречи оружјето да падне „во рацете на екстремистите“ по Асад.

„Трупите на Израелските одбранбени сили се стационирани во тампон зоната, како што беше кажано во минатото“, рекол портпаролот на израелската војска за Би-би-си.

Израел тврди дека презема „ограничени и привремени мерки“ за да ја обезбеди својата безбедност. Војниците влегле во Сирија од областа на Голанската висорамнина, која Израел ја зазеде од Сирија во 1967 година и еднострано ја анектираше во 1981 година.

Заземањето на овие позиции, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како „привремена одбранбена позиција“.

„Ако можеме да воспоставиме меѓусоседски односи и мирни односи со новите сили што се појавуваат во Сирија, тоа е наша желба. Но, ако не го сториме тоа, ќе сториме сè што е потребно за да ја одбраниме државата Израел и границата на Израел“, изјави Нетанјаху вчера.

Израел ги демантираше информациите дека нејзините тенкови стигнале до Катана, која се наоѓа на 10 километри во сириска територија, источно од демилитаризираната зона што ги дели Голанската висорамнина окупирана од Израел, и Сирија.

Нетанјаху изјави дека Голанската висорамнина ќе остане дел од Израел „засекогаш“.

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен, му порача на Израел дека мора да ги прекине воздушните напади и копнената инвазија на Сирија. Според него, израелските дејствија се во спротивност со договорот меѓу Израел и Сирија од 1974 година, пренесе „Гардијан“.

„Пораката од Њујорк е иста. Она што го гледаме е прекршување на договорот за раздвојување од 1974 година, така што, очигледно, со нашите колеги во Њујорк, ова ќе го следиме исклучително внимателно во часовите и деновите што следат“, изјави Педерсен.

Нападите на Израел доаѓаат откако сириските бунтовнички борци го зазедоа главниот град Дамаск и го соборија режимот на Башар ал Асад во текот на викендот. Асад и неговиот татко беа на власт во земјата од 1971 година.

Силите предводени од исламистичката опозициска група Хајат Тахрир ал-Шам влегоа во Дамаск во раните утрински часови во неделата, пред да се појават на државната телевизија за да објават дека Сирија сега е „слободна“.

 

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...