Израел започна со ослободување на голем број Палестинци во замена за тројца израелски заложници

Тројцата Израелци беа изведени на сцена со палестински милитанти од Хамас, вооружени со автоматски пушки, стоејќи од двете нивни страни на местото во Кан Јунис. Снимките во живо ги покажаа пред да бидат пренесени во Израел од израелските сили

-

Израелските заложници Јаир Хорн, Саги Декел-Чен и Саша (Александар) Труфанов беа ослободени во Газа, со тоа што Израел започна со ослободување на околу 369 палестински затвореници и притвореници во замена, откако посредниците помогнаа да се избегне пропаѓање на прекинот на огнот, пренесува Ројтерс.

Тројцата Израелци беа изведени на сцена со палестински милитанти од Хамас, вооружени со автоматски пушки, стоејќи од двете нивни страни на местото во Кан Јунис. Снимките во живо ги покажаа пред да бидат пренесени во Израел од израелските сили.

Набргу потоа, првиот автобус со ослободени палестински затвореници и притвореници го напушти изралскиот затвор Офер на Западниот Брег, кој е под израелска окупација. Автобусот пристигна во Рамала, каде го дочекаа раздвижена толпа, некои мавтајќи со палестински знамиња.

Во она што стана познато како Плоштад на заложниците во Тел Авив, луѓето избија во радост и солзи кога слушнаа дека Црвениот крст е на пат да ги предаде тројцата на израелските воени сили во Појасот Газа.

Декел-Чен, кој има американско-израелско државјанство, Труфанов, руски Израелец, и Хорн, чииот брат Ејтан исто така беше киднапиран, беа заробени во Кибуц Нир Оз, една од заедниците околу Појасот Газа која беше нападната од борци на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Некои од десетиците маскирани борци на Хамас распоредени на местото на предавањето носеа пушки запленети од израелската војска за време на нападот во октомври, велат извори од Хамас.

На сцената во Кан Јунис, заложниците беа принудени да дадат кратки изјави на хебрејски, а милитантите му подарија на Иаир Хорн песочен часовник и фотографија од друг израелски заложник што сè уште е во Газа со неговата мајка, со натпис „времето истекува (за заложниците што остануваат во Газа)“.

Досега се ослободени 19 израелски и пет тајландски заложници, додека 73 остануваат во заробеништво, од кои околу половина се прогласени за мртви во отсуство од страна на израелските власти.

ЗАКАНИ

Хамас претходно се закани дека нема да ослободи повеќе заложници, обвинувајќи го Израел за прекршување на условите на прекинот на огнот со блокирање на хуманитарната помош за Газа. Ова предизвика закани за продолжување на борбите од страна на Израел, кој повика резервисти и ги стави своите сили во состојба на висока готовност.

Изнемоштената состојба на тројцата заложници ослободени минатата недела, како и сведоштвата за злоупотреба од други заложници ослободени од 19 јануари, кога примирјето стапи на сила, предизвикаа протести во Израел, барајќи од владата да го почитува примирјето и да ја продолжи следната фаза за враќање на сите преостанати заложници.

Хамас се согласи минатиот месец да предаде 33 израелски заложници, вклучувајќи жени, деца и болни, ранети и постари мажи, во замена за стотици палестински затвореници и притвореници, за време на шестнеделно примирје, во кое израелските сили требаше да се повлечат од некои позиции во Газа.

Израел ја инвадираше енклавата по нападот на Хамас врз израелските заедници на 7 октомври 2023 година, при што, според израелските податоци, загинаа околу 1.200 луѓе, а 251 беа земени како заложници.

Израелската воена кампања што следеше усмрти над 48.000 Палестинци во Газа, според палестинското Министерство за здравство, уништи многу згради и остави најголем дел од населението без дом.

ИзворРојтерс

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...