fbpx

Израел вели вакцината на „Фајзер“ е помалку ефикасна против делта сојот

-

Министерството за здравство на Израел вчера објави дека вакцината на „Фајзер“ против ковид-19 има помала ефикасност врз делта сојот на корона вирусот. Сепак, властите соопштија дека оваа вакцина и понатаму заштитува од сериозни заболувања и болничко лекување со исклучително висока ефикасност од 93 отсто, јавува „Тајмс оф Израел“.

Ефикасноста на вакцината во спречување на инфекција во текот на јуни била падната на 64 отсто, што всушност значи дека стапката на новозаболени лица во Израел оди во нагорна линија поради делта сојот на корона вирусот. Податоците на израелските власти покажуваат дека делта сојот е причинител на 90 отсто од новите случаи на заразени лица во земјата.

Заедно со овие новости, Министерството за здравство на Израел соопшти дека изминатово деноноќие бројот на новозаболени лица се зголемил за 369, со што земјата во моментов има 2.766 активни случаи на ковид-19. Во Израел во моментов се вакцинирани околу 60 проценти од населението, јавува Ројтерс.

Министерството за здравство на Израел сепак укажува дека податоците со кои се располага за намалувањето на ефикасноста на вакцината се ограничени и студијата е само привремена. Сепак, зголемувањето на бројот на новозаболени лица го поставува прашањето како понатаму – дел од лекарите советуваат да се почитуваат мерките за заштита, како што е носењето на маски во затворени простории, додека други бараат да се зголеми процентот на вакцинација на целокупното население и да се осигура тестирање на Израелците коишто доаѓаат во земјата од странство.

„Тајмс оф Израел“ пак додава дека израелското Министерство за здравство доби инструкции од владата да промовира две научни студии кои ја разработуваат потребата од трета доза на вакцина против ковид-19, која ќе обезбеди „витални информации“ за донесувачите на одлуките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...