fbpx

Израел одобри изградба на еврејски населби на Западниот Брег

-

Израел одобри градење на 285 нови домови во еврејски населби на Западниот Брег, соопшти мировната активистичка група „Мир сега“.

Во населбата Елкана ќе бидат направени 234 нови станбени објекти, во Беит Арјеу – 30, а во Гувет Зев – 20 нови куќи. Ретроактивно се издадени дозволи за 179 постојни куќи во населбата Офарим, се наведува во извештајот.

САД претходно соопштија дека се „длабоко загрижени“ и предупредија дека ширењето на доселеничките населби претставува „многу сериозна и сè поголема закана“ за мирот на Палестинците.

Околу 570.000 Израелци живеат во повеќе од 100 населби направени откако Израел во 1967 година го зазеде Западниот Брег и Источен Ерусалим. Според меѓународното право, населбите се илегални, но Израел го оспорува тоа.

Организацијата „Мир сега“ соопшти дека со новата одлука, цивилната администрација на Западниот Брег, со која раководи израелската војска, од почетокот на годинава одобрила градење на 2.623 нови станбени единици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...