fbpx

Израел ја осуди изјавата на Лавров дека Хитлер „имал еврејска крв“

-

Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид ги нарече „безобразни и неопростливи“ коментарите од неговиот руски колега Сергеј Лавров дека Хитлер имал Еврејска крв.

За време на неговото интервју за една италијанска телевизија во неделата навечер, Лавров тврдеше дека тоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски бил Евреин не го негира фактот дека во Украина има Наци елементи – наратив кој Москва го турка како оправдување на нивната смртоносна воена инвазија.

„Верувам дека Хитлер исто така имал Еврејска крв, некои од најголемите анти-семитисти се Евреи“, додаде Лавров.

Израел веднаш одговори на ваквите изјави и го повика Рускиот амбасадор во Владата.

„Коментарите на министерот за надворешни работи Лавров се истовремено безобразни и неопростливи, а воедно се и ужасна историска грешка“, рече Лапид во соопштение за јавноста. „Најниското ниво на расизам против Евреите е да се обвинат самите Евреи за анти-семитизам“, додаде тој.

Израелскиот министер за комуникации Јоаз Хендел исто така се спротивстави на тврдењето на Лавров како „делузии кои треба да ги оправдаат ужасните дела на Русите во Украина“.

Украина исто така ја осуди изјавата на Лавров. Михаило Подољак, советник на претседателот Зеленски, на твитер напиша дека „директната анти-семитистичка изјава на Лавров … е доказ дека Русија е наследник на Наци идеологијата“.

Реакција стигна и од официјален Берлин, каде портпаролот на Владата рече дека „не вреди да се коментира руската пропаганда. Тоа е апсурдно“.

Во првите денови по почетокот на руската воена инвазија на Украина, премиерот на Израел Нафтали Бенет патуваше во Москва да се сретне со Владимир Путин. Кремљ тогаш тврдеше дека Израел дал понуда да помогне околу мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Во понеделникот, Бенет посочи дека тврдењата на Лавров се „невистинити и нивните намери се погрешни“.

Премиерот на Израел додаде дека „целта на ваквите лаги е да се обвинат самите Евреи за најстрашните злосторства во историјата, кои беа извршени против нив, а притоа да ги изземат од одговорност непријателите на Израел“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...