Изолацијата му донесе близу 16 милиони нови претплатници на Netflix

Карантинот и рестриктивните мерки кои се воведоа со цел спречување на корона вирусот, ги принудија луѓето низ целиот свет да останат дома. Со тоа, корона кризата му помогна на американскиот сервис за видеостриминг „Netflix“ да ги зголеми своите приходи.

Во првиот квартал од годинава евидентирани се нови 15,8 милиони претплатници, со што се остварени приходи од 5,77 милијарди долари. Во овој период, најгледани содржини биле документарната серија: “Tiger King: Murder, Mayhem and Madness“, реалити шоуто “Love Is Blind” и филмот “Spenser Confidential”.

Забележана е и продажба на видеоигри за 35% што достигнала вредност од 1,6 милијарди долари.

Во јануари, пред да се рашири вирусот првите претпоставки на Netflix беа седум милиони нови глобални претплатници за тримесечниот период. Сега сервисот има 183 милиони претплатници ширум светот, од кои 60 милиони се од САД.